„Временските услови се идеални. Тие превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат надвор на сончева светлина. Во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта. Некои од нив дури и се враќаат на своите спортски активности. Сите се вклучени во системот ‘Мој термин‘ во рамките на проектот за рехабилитација на Пониква“, вели в.д. директорката на кочанската болница
Првата група од 45 повредени во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ од викендов се наоѓаат на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Пониква.

Тие се под медицинска грижа на лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип.
Според Катерина Мирчовска, в.д. директорката на Општата болница во Кочани, и покрај забелешките во јавноста, престојот на повредените им годи, бидејќи условите сосема ги задоволуваат условите.
„Временските услови се идеални. Тие превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат надвор на сончева светлина. Во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта. Некои од нив дури и се враќаат на своите спортски активности. Сите се вклучени во системот ‘Мој термин‘ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква“,
кажа таа.
На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП-терапија на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.
„Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетска клиника ‘Свети Наум Охридски‘ во Скопје. Во кочанската болница ќе продолжи физилканата теерапија за 16 повредени“,
вели директорката.
И повредените што се лекуваа во болницата „Пирогов“ во Софија ќе се вклучат во терапијата во болницата во Кочани.
„Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму“,
рече д-р Мирчовска.
Во втората група од повредените што ќе престојуваат на Пониква, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им заврши лекувањето.