Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ги обвини скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на депонијата Дрисла, Коста Начевски дека среде криза планираат да купува три нови џипови.
Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ испраќа и аудио снимка од обраќањето на претставничката на Дрисла на онлајн седница на Градот, чиј говор велат е признание за планираната набавка.
„ На он лајн седницата на совет на град Скопје претставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ изјави: да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот” затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има. Во прилог доставуваме и аудио снимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудио снимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов“,
се вели во соопштението.
Опозициските советници бараат и стопирање на набавката.
„Лажовот Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага, и треба да и се извинат на јавноста. Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски. Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови“,
се вели во соопштението.
