Директорот на Центарот за јавно здравје-Куманово информира дека и двајцата починати од овој регион се од селата Слупчане и Никуштак, во Општина Липково
Куманово денеска влезе во статистиката на Министерството за здравство со 12 новозаболени од коронавирусот, наспроти Скопје и Штип, кои предничат со 35 и 27 новозаболени во последното деноноќие.
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единаесет лица се од Општина Липково.
Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа. Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.
Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.
Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.
„Маски, дезинфекција, миење раце, физичка дистанца, клучно е да се применуваат за да се заштитиме од вирусот“,
истакна Љатифи.
