Службите на РЕК „Битола“ реагирале веднаш согласно оперативните протоколи со оглед на тоа што, како што нагласуваат од ЕСМ, станува збор за потенцијална саботажа. За случајот е известена и криминалистичката полиција, која во моментов врши увид
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што наведуваат од ЕСМ, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување.

Службите на РЕК „Битола“ реагирале веднаш согласно оперативните протоколи со оглед на тоа што, како што нагласуваат од Електрани на Северна Македонија, станува збор за потенцијална саботажа.
За случајот е известена и криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот.
„По полицискиот увид, стручни екипи од РЕК ‘Битола’ веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата“,
соопштија од АД ЕСМ.