Хакаби во објавата додава дека Амбасадата и Конзулатот на САД во Израел денеска ќе останат затворени од безбедносни причини

Поради детонации од ирански ракети имало помали оштетувања на Амбасадата на САД во Тел Авив, информира амбасадорот Мајк Хакаби. Според неговата објава на платформата Икс, нема повредени американски лица.
Хакаби во објавата додава дека Амбасадата и Конзулатот на САД во Израел денеска ќе останат затворени од безбедносни причини. Исто така, тој додава дека останува во сила наредбата за криење во засолништа.
Our @usembassyjlm US Embassy in Israel & Consulate will officially remain closed today as shelter in place still in effect. Some minor damage from concussions of Iranian missile hits near Embassy Branch in @TelAviv but no injuries to US personnel.
— Ambassador Mike Huckabee (@GovMikeHuckabee) June 16, 2025
Амбасадорот Хакаби, исто така, упатува повик до Американците што живеат во Израел редовно да ја посетуваат веб-страницата за да се информираат за сите новости.
„За сите 700 000 Американци што живеат во Израел, проверете ја веб-страницата на Амбасадата за новости во врска со патничките совети, повторното отворање на аеродромите или официјалните операции“,
додава Хакби во објавата.
Израелската национална служба за вонредни ситуации, Маген Давид Адом (МДА) денеска објави дека во ирански ракетни напади врз четири локации во Израел се убиени три лица.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад врз Израел е употребен нов метод што предизвикал повеќеслојните одбранбени системи на Израел да се насочат едни кон други, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на објава на Ројтерс.
Во соопштението на социјалната мрежа Икс, Израелските одбранбени сили велат дека нивните воздухопловни сили го нападнале седиштето на силите Кудс во Техеран.