Протестите во Лос Анџелес започнаа во петокот, кога демонстрантите се собраа во близина на федералната зграда во центарот на градот откако беа уапсени најмалку 44 лица во рациите врз нелегалните имигранти низ градот
Веќе неколку дена во центарот на Лос Анџелес, Калифорнија, траат протестите што избувнаа поради рации и депортации на мигранти.

Според последните информации на американските медиуми, во најновиот од серијата протести против имиграциските рации што се случија во Лос Анџелес во текот на викендот, демонстрантите се судрија со агенти на Калифорниската национална гарда, Одделот за имиграција и Одделот за внатрешна безбедност пред притворниот центар во Лос Анџелес,
Според објавите на Си-ен-ен, полицајците употребуваат шок-бомби додека се движат кон демонстрантите кои, пак, веат американски и мексикански знамиња на аголот од улиците Аркадија и Северен Мејн во Лос Анџелес.
Во еден период од немирите демонстрантите се повлекоа додека полицајците им се приближуваа.
🚨 LINES OF CARS are now burning in the streets of Los Angeles, and police are LETTING IT HAPPEN
— Nick Sortor (@nicksortor) June 9, 2025
NOBODY IS SAFE.
WE NEED MARINES, NOW! pic.twitter.com/JAFK0g6dnL
Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес е намален, но некои групи сè уште се судираат со полицијата.
Сообраќајот во тој дел од градот е прекинат, а властите информираат дека чад се издига од автопатот 101.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека акциите на Трамп за распоредување на гардата на улиците на Лос Анџелес се нелегални и неморални. Се закани дека ќе ја тужи администрацијата.
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, пак, рече дека она што го гледаме во Лос Анџелес е хаос што е испровоциран од администрацијата и ги повика демонстрантите мирно да протестираат.
Протестите во Лос Анџелес започнаа во петокот, кога демонстрантите се собраа во близина на федералната зграда во центарот на градот откако се уапсени најмалку 44 лица во рациите врз нелегалните имигранти низ градот.
Следуваа демонстрации, кои брзо станаа насилни – летаа камења и молотови коктели, а властите одговорија со солзавец, гумени куршуми и димни бомби.
Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата на Трут соушл ги нарече демонстрантите „анархисти и ограбувачи“ и порача дека ако гувернерот на Калифорнија и градоначалникот на Лос Анџелес не можат да воспостават ред, тоа ќе го направи федералната влада.