И покрај тензиите, Трамп изјави дека нема да ги укине федералните договори со компаниите на Маск, како „Тесла“ и „Спејс икс“, иако додаде дека би можел да го стори тоа
ФОТО: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS /POOL
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека технолошкиот магнат Илон Маск ќе се соочи со „сериозни последици“ доколку финансира демократски кандидати за да се спротивстават на републиканците кои го поддржуваат неговиот сеопфатен закон за даноци и трошење.
Во телефонско интервју за „Ен-би-си њуз“, Трамп не прецизира какви би биле тие последици.
„Ако го направи тоа, ќе мора да ги сноси последиците, многу сериозни последици“,
рече Трамп.
Трамп истакна дека нема намера да го поправа односот со Маск по нивната јавна расправија оваа недела.
Прашан дали е крај на нивниот однос, тој одговори:
Додаде дека е презафатен со други обврски и нема планови за разговор со Маск, обвинувајќи го за „непочитување на претседателската функција“.
„Мислам дека тоа е многу лошо, бидејќи тој многу непочитува. Не може да се покаже непочитување кон канцеларијата на претседателот“,
додаде тој.
Во расправијата со Трамп, Маск во четвртокот на платформата Икс објави серија критики против него, вклучувајќи и сега веќе избришана објава во која тврдеше дека името на Трамп се споменува во документите на Џефри Епштајн, осудениот сексуален престапник.
Трамп ги отфрли овие тврдења како „стари вести“ и истакна дека дури и адвокатот на Епштајн потврдил дека тој нема врска со случајот.
И покрај тензиите, Трамп изјави дека нема да ги укине федералните договори со компаниите на Маск, како „Тесла“ и „Спејс икс“, иако додаде дека би можел да го стори тоа.
Тој нагласи дека Републиканската партија е „пообединета од кога било“ и дека спорот со Маск дури помогнал да се истакнат предностите на предложениот закон.
Маск денеска на социјалната мрежа Икс напиша дека на САД ѝ е потребна партија која ќе претставува 80 отсто од луѓето кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.
Тој објави анкета на која осумдесет отсто од неговите 220 милиони следбеници се изјасниле дека се за формирање нова партија која би била со различна идеологија од Демократската и Републиканската партија.