Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека попладнево поголема нестабилна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има во Скопје и оти нестабилноста се движи од североисток кон југозапад

Делови од главниот град попладнево беа зафатени од силно невреме проследено со ветер, дожд и град.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од граѓани како се обидуваат да се засолнат од невремето. Исто така, има фотографии на кои може да се видат дворови кои се побелени од врнежите од град кои се со големина на орев.





Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека попладнево поголема нестабилна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град има во Скопје и оти нестабилноста се движи од североисток кон југозапад.
Од УХМР додаваат дека попладнево освен Скопје силно невреме го има зафатено и Дојран, како и Велешкиот, Светиниколскиот, Штипскиот и Демиркапискиот Регион.