За викендот УХМР најавува сончево и многу топло време со температури до 38 степени
Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 36 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 36 степени.
За деновите од викендот УХМР најавува сончево и многу топло време со температури до 38 степени.