Дваесетгодишникот на 6 мај годинава пробил во кафуле во трговски центар, од каде што украл повеќе шишиња алкохол во вкупна вредност од 25 664 денари. Неколку недели подоцна, извршил неколку кражби во билијард-клуб, продавница и автомат за кафе од каде што одземал парични средства во вкупен износ од околу 30 илјади денари
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје покрена истрага и побара притвор за 20-годишник кој е осомничен дека во неколку минатиот месец извршил кражби на неколку локации.

Според наводите на Обвинителството, 20-годишникот на 6 мај со алат и физичка сила пробил во кафуле во трговски центар, од каде што украл повеќе шишиња алкохол во вкупна вредност од 25 664 денари.
На 23 мај насилно влегол во билијард-клуб и од касата одземал 28 692 денари. Утрото на 25 мај одземал уште 2 000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2 000 денари одземал и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.
„Јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување притвор за осомничениот“,
наведуваат од ОЈО Скопје.