Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (5 јуни 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Тестиравме како функционираат пратеничките канцеларии – се обидовме да закажеме средба со „нашиот пратеник“ од различни политички опции;
– Ако МВР го распишело тендерот за униформите за специјалните единици како што првично планиралo, една од фирмите што доби дел од набавката воопшто немало да може да учествува;
– ИРЛ откри дека фирма од Бугарија во сопственост на Вице Заев, за ангажман во рудник во Грција, добила девет милиони евра од државните набавки на јаглен во текот на енергетската криза;
– Големите партии велат дека се спремни законски да се уреди начинот на учество на независни кандидати и листи на изборите, но…;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.