Ова е првпат Американци да бидат лансирани во орбитата со помош на комерцијално вселенско летало, што е во сопственост на приватна компанија, а тоа да не е националната агенција НАСА
Вселенското летало „Драгон“ на американската компанија „Спејс -Икс“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица, помалку од 19 часа по лансирањето од Флорида.

Тоа е прва американска вселенска капсула од 2011 година што слета на Меѓународната вселенска станица, заедно со членови на екипаж.
Ракетата „Фалкон-9“ беше лансирана вчера во 15.22 часот по локално време.
Ова е првпат Американци да бидат лансирани во орбитата со помош на комерцијално вселенско летало, што е во сопственост на приватна компанија, а тоа да не е националната агенција НАСА, со што испишаа историја.