Ракетата „Фалкон 9“ вечерва успешно беше лансирана во вселената со двајца астронаути на НАСА.
„Фалон 9“ е на компанијата „Спејс Екс“ на милијардерот Илон Маск со што се испиша историја бидејќи првпат еден приватник испрати ракета со екипаж.
Тоа се случи од вселенската станица „Кенеди“ во Флорида во 15:22 часот по локално односно 21:22 часот по средноевропско време. По 13 минути од лансирањето капсулата се одвои од и сега лета самостојно до Меѓународната вселенска станица, а се очекува патувањето да трае 19 часа.
Пилотирањето со капсулата ќе го прават двајцата астронаути кои се наоѓаат во неа, Боб Бенкен (49) и Даг Харли (53), кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица и ќе му помагаат на екипажот кој веќе се наоѓаат во вселенската лабораторија.
„Ова е неверојатно, сила, технологија! Беше прекрасно“,
рече американскиот претседател Доналд Трамп кој се наоѓаше во вселенската станица.
Ракетата која ги исфрли двајцата астронаути во вселената се врати назад и слета на брод во океанот.
Последен пат од американско тло НАСА лансираше ракета со екипаж во јули 2011 г. И тогаш дел од екипажот беше астронаутот Харли.
Овој историски настан беше планиран за средата, но 17 минути пред да се случи, лансирањето беше одложено поради невреме во Флорида.
Во продолжение погледнете го известувањето на Би-би-си за овој историски настан.