Секогаш кога Северна Македонија е пофалена, се случува нешто што очигледно има за цел да го дефокусира јавното внимание од нејзиното историско полноправно членство во НАТО, пишува иницијативата за борба против лажни наративи „Ф2Н2“
Откако дезинформативниот наратив од 27 март (денот кога Република Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО) кој се состоеше од лаги дека птиците во Северна Македонија умираат од 5Г беше разобличен, гледаме објава на Твитер од Руската амбасада во Скопје со нова дезинформација на денот кога американски авиони летаа над Скопје за да го поздрават членството на Северна Македонија во НАТО. Само случајност…?
„Ф2Н2“ пишува: На 29 мај 2020 г., Руската државна агенција ТАСС, цитирајќи висок функционер во руското Министерство за одбрана, објави статија во која е наведено дека „борбени авиони СУ-27П и СУ-30СМ од авијатичките единици за брза реакција на Јужниот воен реон биле рапидно мобилизирани за да ги пресретнат бомбардерите над неутралните води на Црното Море, кои наводно се движеле кон руската граница. Видео како руски авион пресретнува бомбардер Б-1Б, објавено од руското Министерство за одбрана, беше искористено за да се промовира настанот. Оваа вест беше преземена од Russia Today и беше објавена на Твитер како информација од страна на Руската амбасада во Скопје.
Актерите на Кремљ и дезинформациите
На 29 мај руската новинска агенција Russia Today објави статија со „видеото“ од пресретнувањето, тврдејќи дека „авионите ги пресретнале американските бомбардери на ‘безбедна далечина’, што резултирало со промена на курсот на бомбардерите“. Истиот ден, руската државна агенција ТАСС објави статија во која ги објаснува „деталите“ за пресретнувањето што се случило за време на мисијата Бомбардерски специјални сили, која била спроведена од американски и сојузнички сили. ТАСС се повикува на анонимен висок функционер во руското Министерство за одбрана како извор на информацијата. Кратко време потоа, Руската амбасада во Скопје објави на својот официјален профил на Твитер за настанот.

и која редовно објавува дезинформации и го глорифицира Путин
Само неколку минути по објавата на Твитер, насловот на „бомбастичната“ статија зборува за наводната реакција на рускиот претседател Владимир Путин на тоа дека „авиони на НАТО летаат над нашата земја“, бидејќи тие наводно „се обиделе да се доближат до руска територија“. Оваа статија е една од ретките без текст, и содржи скриншот (17:41) од објавата на Твитер на Руската амбасада во Северна Македонија. Веб-страницата mkdpress.site е анонимна веб-страница регистрирана која нема МК домен, и која редовно објавува дезинформации и го глорифицира Путин.
За мисија на бомбардерите Б-1Б
Според соопштението за јавност на Авијацијата на САД, на 29 мај 2020, „два бомбардери Б-1 Лансер, од авијатичката база Елсворт во Јужна Дакота, биле на стратешка мисија во Европа и регионот на Црното Море“. Генералот Јеф Хариган, командант на Авијацијата на САД во Европа и Африка, истакнал дека „интегрираното присуство на нашите стратешки бомбардери низ Европа е доказ дека САД, заедно со останатите сојузници или партнери, се подготвени за одговор, и, доколку е потребно, можат заеднички да ги употребат овие капацитети“. Според генералот Тод Д. Волтерс, командант на Европската команда на САД, мисиите на бомбардерите „им демонстрираат на нашите сојузници во НАТО, вклучувајќи ја и најновата членка – Северна Македонија – дека овие стратешки мисии ја подобруваат готовноста и обуката кои се потребни за да се одговори на каква било потенцијална криза или предизвик во светот.“
Ова претставува прв случај мисија на бомбардери да се интегрира со украински авиони СУ-27 и МиГ-29, и турски КЦ-135. Летот исто така вклучувал интеграција и обука за интероперабилност со полски авиони Ф-16 и МиГ-29, како и со романски авиони Ф-16 и МиГ-21, кои биле придружба и патролирале во регионот на Црното Море. Дополнително, бомбардерите Б-1Б се интегрирале со грчки авиони Ф-16 во прелет над Скопје, Северна Македонија.


Како што може да се види од фотографиите, за време на целото траење на мисијата за обука на Бомбардерските специјални сили Европа, како и за време на прелетот над Скопје, бомбардерите Б-1Б биле придружувани од сојузнички борбени авиони. Исто така, како што се забележува на фотографиите, бомбардерите биле во пар за време на целиот лет.
На видеото објавено од руското Министерство за одбрана може да се види само еден бомбардер Б-1Б, како е пресретнат од два руски борбени авиони од типот „Сухои“.
Статијата на ТАСС е неконзистентна. Во текстот има неколку очигледни заклучоци, како на пример дека американските бомбардери летале над меѓународни води, на значајна дистанца од руската граница, во мисија која била транспарентно објавена. Оттаму, речникот кој се користи, како на пример „идентификување на метите“, „пресретнување“, „неоткриени од радар“ ја прави оваа статија манипулативна, бидејќи ги извртува фактите и ја наведува јавноста на погрешен заклучок. Ако читателот не се информира за настанот од кредибилен извор, тој може да добие впечаток дека се случил сериозен инцидент во воздушниот простор над Црното Море. Со цел да се зајакне овој дезинформативен наратив за „руската воена супериорност“, руското Министерство за одбрана објавило видео, кое очигледно се однесува на друг минат настан, бидејќи во него ги нема дел од авионите кои беа дел од вежбата.
Целата анализа на „Ф2Н2“ може да ја прочитате тука.
