Комисијата за заразни болести треба да даде препорака, а потоа преку МНР ќе има регионална координација
Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отворањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.
„Во соработка со Министерството за надворешни работи ќе се координираме и со соседните држави и со државите од регионот и пошироко и на основа на тоа ќе ги носиме и одлуките. Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите“,
изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
