Малолетниците се приведени под сомнение дека на 26 мај околу 21:15 часот на улицата „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т.
Двајца малолетници од тетовското село Гајре се приведени поради сомнение дека во понеделникот (26 мај) со автоматско оружје пукале во правец на куќа во Тетово. Малолетниците биле приведени вчера околу 10:30 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, на влез во село Гајре.

„Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од село Гајре поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21:15 часот на улицата ‘111’ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“,
информираат од МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, а во присуство на службеници од Центарот за социјални работи со нив е извршен службен разговор. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.