Соговорниците се осврнале и на евроинтеграциите. Сиљановска-Давкова во оваа смисла посочила дека интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ е клучна за обезбедување мирна и безбедна иднина, не само за благосостојбата и напредокот на самите земји, туку и за пошироката стабилност и безбедност во Европа
Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа поради нашата положба – порачала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токајев, истакнувајќи ја важноста за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, која е релативно мала.

Сиљановска-Давкова укажала на можностите за инвестирање што ги нуди земјава, како и подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи.
И претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токајев, ја истакнал важноста за продлабочување на економските односи и за зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет.
„Ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот Полуостров“,
рекол Токајев, истакнувајќи ја заинтересираноста за развој на сеопфатно партнерство со С Македонија.
Соговорниците се осврнале и на евроинтеграциите. Сиљановска-Давкова во оваа смисла посочила дека интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ е клучна за обезбедување мирна и безбедна иднина, не само за благосостојбата и напредокот на самите земји, туку и за пошироката стабилност и безбедност во Европа.
Во контекст на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, претседателката изразила интерес за размена на официјални посети на највисоко ниво.