Макрон е наклонет кон признавање на палестинска држава, велат дипломати и експерти, став што би можел да го разбесни Израел и да поттикне поделби кај Западот

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го потврди својот став за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт и изјави дека нема двојни стандарди во француската политика кон Блискиот Исток.
Макрон е наклонет кон признавање на палестинска држава, велат дипломати и експерти, став што би можел да го разбесни Израел и да поттикне поделби кај Западот.
„Само политичко решение ќе овозможи враќање на мирот и долгорочна изградба“,
рече Макрон за време на неговата посета на Индонезија.
Франција и Индонезија денеска во заедничка изјава повикаа на веродостојни насоки и напредок на конференцијата на ОН за Газа што наскоро ќе се одржи во Њујорк, како и на напредок кон меѓусебно признавање меѓу Израел и Палестина.
Франција, која ќе биде копретседател на конференцијата со Саудиска Арабија во Њујорк, и Индонезија потврдија дека дипломатскиот состанок треба да создаде импулс за сите земји да ја признаат палестинската држава, со безбедносни гаранции.
Францускиот претседател зборуваше во Индонезија, каде што е на турнеја низ Југоисточна Азија.