Најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец, не е изолиран случај, реагираат од ДУИ
Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека власта продолжува да спроведува политики кои според нив директно го поткопуваат соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. Од партијата реагираат дека најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец, не е изолиран случај, туку продолжување на систематската политика на етничко исклучување.
Од партијата посочуваат дека институциите се должни да ги одразуваат мултиетничкиот карактер и уставниот принцип на еднаква застапеност.
„Наместо тоа, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме. Очекуваме итна реакција од Владата и одговорност од оние што со своето молчење или учество го овозможуваат ова враќање кон дискриминаторски практики. Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата“,
велат од ДУИ.
Од ДУИ додаваат и дека ќе ги користат сите демократски средства за да го спречат, како што велат, институционалниот монопол и да ја вратат правдата таму каде што ѝ е местото, кај сите граѓани, еднакво.