Несреќата се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“

Две лица се загинати во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случила во Скопје.
До несреќата дошло кога мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата била пријавена во 18:23 часот во СВР Скопје.
„Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“,
додаваат од МВР.