Општина Сарај до вчера има забележано 39 плус двајца денеска, тоа е 41 лице заразено со вирусот Ковид-19, соопшти на прес-конференција градоначалникот на оваа општина, Блерим Беџети.
„Заразените се од повеќе населени места во нашата општина. Ние вчера изјавивме дека сите заедно тежнееме кон што побрзо јакнење во нормалност и да ја заздравиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во рутина треба да се прослави со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемување на бројката на заразени. Пред вас да ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество“,
рече Беџети на партиска прес-конференција на ДУИ.
Тој порача дека вирусот не е шега и што побргу треба да се прифати новата реалност и да се зголеми заштитата на здравјето, па затоа апелираше до граѓаните да носат маски, да држат растојание, да одбегнуваат фамилијарни и пријателски совети и да одржуваат лична хигиена.
Надлежните, пак, ги повика да го зголемат бројот на тестирања во општините и што побргу да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне и да се спречи ширење на вирусот.
„Само со повеќе од 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените“,
рече Беџети.
