Причина за прекин на сообраќајот, според АМСМ, беше изведување на технички активности
Од 11:25 часот повторно е нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани, од крстосница кај селото Крупиште до крстосницата кај селото Спанчево, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од утрово во 9 часот, а сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат.
Причина за прекин на сообраќајот, според АМСМ, беше изведување на технички активности.