Во претседателската вила „Водно“ почна седницата на Советот за безбедност, по која претседателот Стево Пендаровски треба да одлучи дали ќе прогласи нова вонредната состојба.
Денеска истекува 14-дневната вонредна состојба која тој ја прогласи на 15 мај.

Претседателот Пендаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Покрај последната, првите две беа за времетраење од 30 дена.

За седницата, покрај постојаните членови на Советот, покана доби и и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

