За утре се најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата захидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 27 степени.
И за Скопје денеска се прогнозира дека ќе има променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 12 степени наутро до 26 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата утре во текот на денот ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени.
Според најавите од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Се очекува и на некои места од земјата да биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено во деновите од викендот.