Минималните температури ќе се движат од 3 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 16 до 28 степени
Денеска нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, која ќе се зголемува кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 16 до 28 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 8 до максимални 28 степени.
Според најавата на УХМР, од среда ќе следува период на променливо облачно и нестабилно време во текот на попладневните часови. Нестабилноста ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а во текот на викендот ќе паднат за неколку степени.