Покрај Фон дер Лајен, за разговорот со Путин, Трамп ги информирал и францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва на социјалната мрежа Икс објави дека таа и другите европски лидери, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски добиле извештај од американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Зеленски.

Фон дер Лајен му се заблагодари на Трамп за како што рече, неговите неуморни напори за постигнување прекин на огнот во Украина.
„Важно е САД да останат ангажирани во процесот“,
напиша таа.
Додаде дека ќе продолжат да го поддржуваат Зеленски во постигнувањето траен мир во Украина.
Покрај Фон дер Лајен, за разговорот со Путин, Трамп ги информирал и францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб.
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл се огласи по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека преговорите поминале многу добро и дека наскоро би можеле да следат разговори за прекин на огнот и завршување на војната во Украина.
„Преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот ќе започнат веднаш, но и што е уште поважно за крај на војната. Условите за ова ќе бидат договорени меѓу двете страни, бидејќи тоа е единствениот начин да биде, а тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не би можел да ги знае“,
напиша Трамп на Трут соушл.
Good call with President @realDonaldTrump together with President @EmmanuelMacron, Prime Minister @GiorgiaMeloni and President @alexstubb, Chancellor @_FriedrichMerz and President @ZelenskyyUa to get debriefed from his call with President Putin.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 19, 2025
I want to thank President Trump…