Претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат последиците од нападот

Украина соопшти дека Русија го извршила својот најголем напад со беспилотни летала од почетокот на нејзината целосна инвазија, насочен кон неколку региони, вклучувајќи го и Киев, каде што беше убиена една жена, објави Би-би-си. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 273 беспилотни летала во областа на Киев и регионите Дnепропетровск и Донецк на истокот од земјата до 8 часот наутро.
Претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат последиците од нападот.
273 drones. In a single night. Nearly 9 hours of air raid alerts.
— Ruslan Stefanchuk (@r_stefanchuk) May 18, 2025
This is what putin’s “genuine desire for peace” looks like.
A massive russian attack on the Kyiv region took the life of a woman and injured three people, including a child. Residential buildings were destroyed,… pic.twitter.com/RRYAOt1FBk
Моќниот напад се случи само еден ден пред закажаниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Трамп претходно повика на прекин на огнот.
Во петокот Русија и Украина ги одржаа своите први директни разговори во Турција по повеќе од три години, но освен нов договор за размена на затвореници не е постигнат никаков значаен напредок. Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека тој, заедно со лидерите на Велика Британија, Франција и Полска, ќе одржи виртуелна средба со Трамп пред неговиот разговор со Путин утре наутро.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала рекорден број беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи и дронови за напад „шахед“, од кои 88 биле соборени, додека 128 залутале без негативни последици. Во нападот загинало едно лице во предградие на Киев, а најмалку тројца други биле повредени, соопштија официјални лица.
Пред овој напад, најголемиот руски напад со беспилотни летала се случил на третата годишнина од почетокот на инвазијата, на 23 февруари, кога Москва лансирала 267 беспилотни летала. Украинските официјални лица изјавија дека синоќешните напади покажале дека Русија нема намера да ја запре војната и покрај меѓународниот притисок за прекин на огнот.
„За Русија, преговорите во Истанбул се само изговор. Путин сака војна“,
рече Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател.
Претседателот Володимир Зеленски денес беше во Ватикан каде што се сретна приватно со папата Лав Четиринаесетти по неговата инаугуративна миса. Тој, исто така, накратко се сретна и со потпретседателот на САД, Џеј-ди Венс, во Рим.