Скопјанец бил нападнат вечерва по 20 часот, во близина на Транспортниот центар, откако им забележал на две лица поради тоа што „турирале“ со мотоцикли.
Случајот бил пријавен во полициска станица, при што е утврдено дека лицето било нападнато откако, движејќи се кон бензинската пумпа во близина на Транспортниот центар, им се обратил на двајца што „турирале“ со мотоцикли да не го прават тоа.
Потоа, влегол во продавницата на бензинската пумпа, а кога излегол бил нападнат од двајцата со мотоциклите, за кои се претпоставува дека се браќа и од уште еден постар човек, за кој се смета дека им е татко. Тие, како што е пријавено, го нападнале со боксови во пределот на главата, а кога паднал на земја, го колоцале по целото тело. Потоа му ја одзеле ташничката во која имал документи и пари и заминале во правец на ТЦ „Веро – Џамбо“.
Нападнатиот, со возило на Итната медицинска помош, е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
