Полицијата ги повикала сите граѓани кои имаат корисни информации да се јават
Пет лица биле избодени на настан во југоисточен Лондон, соопшти британската полиција, која започна потрага по напаѓачот.

Полицијата добила пријава за нападот во 4:19 часот утринава. Пет лица биле пронајдени со убодни рани и биле однесени во болница каде што нивните повреди сè уште се проценуваат.
Досега никој не е уапсен.
„Истрагата е во тек“,
се вели во соопштението на полицијата.
Полицијата ги повикала сите граѓани кои имаат корисни информации да се јават.