Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен vдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степени.
Во наредните денови, како што информираат од УХМР, следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.