Шефицата на австриската дипломатија повторила дека она што е договорено треба да се исполни, алудирајќи на промените во Уставот и додала оти Австрија ќе направи сѐ што е во нејзина можност за да нема понатамошни пречки во процесот на евроинтеграција
Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајсингер, која денеска беше во посета на земјава, за време на средбата со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја изразила подготвеноста на Австрија да помогне во олеснување на можните разговори помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Шефицата на австриската дипломатија повторила дека она што е договорено треба да се исполни, алудирајќи на промените во Уставот и додала оти Австрија ќе направи сѐ што е во нејзина можност за да нема понатамошни пречки во процесот на евроинтеграција на земјава.
Гаши, од друга страна, го потврдил ставот дека земјава бара решение кое ќе овозможи промена на Уставот, но во исто време ќе биде и гарант дека идентитетските и другите билатерални прашања во иднина нема да бидат пречка на патот на државата кон Европската Унија.