На обраќањето на Самитот на Европската политичка заедница, украинскиот претседател порача дена оваа недела е испуштена вистинска шанса за придвижување кон крајот на војната
Украина е подготвена да преземе најбрзи можни чекори за да донесе вистински мир – порача украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп заедно со дел од европските претставници со кои денеска учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Неговата изјава е во контекст на денешните први директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 година на кои не беше постигнат никаков напредок во поглед на ставање крај на војната.
„Ако Русите отфрлат целосен и безусловен прекин на огнот и крај на убиствата, мора да следат строги санкции. Притисокот врз Русија мора да се одржува сè додека не е подготвена да ја заврши војната. Украина е подготвена да преземе најбрзи можни чекори за да донесе вистински мир и важно е светот да заземе цврст став“,
порача Зеленски.
Spoke with @POTUS together with President Macron, Federal Chancellor Merz, Prime Ministers Starmer and Tusk. We discussed the meeting in Istanbul.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 16, 2025
Ukraine is ready to take the fastest possible steps to bring real peace, and it is important that the world holds a strong stance.… pic.twitter.com/CG3pAnN5Ip
На обраќањето на Самитот на Европската политичка заедница, украинскиот претседател порача дена оваа недела е испуштена вистинска шанса за придвижување кон крајот на војната.
„Само Путин да не се плашеше да дојде во Турција. Бев подготвен за директна средба со него за да ги решиме сите клучни прашања. Но, не се согласи на ништо“,
рече Зеленски во обраќањето на Самитот во Тирана.
На првите директни преговори од 2022 година кои се одржаа денеска во Истанбул, Русија и Украина договорија меѓусебна размена на 1 000 заробеници. На средбата било разговарано и за можен прекин на огнот, како и за потенцијална средба на украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин.