Тој во интервју за централниот дневник на ТВ Алсат го спомена и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, за кого рече дека и е потребен на Владата. Меџити изрази надеж дека Фетаи ќе остане на својата функција затоа што, како што кажа, покажал транспарентност и капацитет за да управува соодветно
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџети кој е и еден од тројцата лидери на ВЛЕН вели дека во редовите на Алијанса за Албанците се води жестока дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да ѝ се приближи на ДУИ и „Европскиот фронт“.

Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат ја оцени како необјаснива и нетранспарентна одлуката на Таравари, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.
„Во рамки на Алијансата на Таравари има жестока дебата, огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и ‘Европскиот фронт’, туку ќе останат во Владата“,
рече Меџити.
Тој го спомена и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, за кого рече дека и е потребен на Владата. Меџити изрази надеж дека Фетаи ќе остане на својата функција затоа што, како што кажа, покажал транспарентност и капацитет за да управува соодветно.
Меџити најави промени во Собранието, односно четворица пратеници од „Европски фронт“, како што рече, ќе и се приклучат на Владата. Изјави и дека политичките случувања во земјава се на почетокот, како и дека промените во парламентарниот состав многу брзо ќе станат видливи.
„Коалицијата Вреди нема да остане само со девет пратеници, четворица пратеници од ‘Европскиот фронт’ се на прагот да го напуштат тој блок и да и се приклучат на владејачкото мнозинство. Движењата почнаа. ‘Вреди’ нема да биде со девет пратеници. Точно е дека четири пратеници ќе го напуштат Фронтот и ќе и се приклучат на Владата“,
кажа Меџити.
Според него, позициите на „Вреди“ во Владата се загарантирани и не зависат од бројот на пратениците.
„Застапеноста на Албанците во Владата не е условена со бројот на пратеници, туку со политичкиот договор што го има склучено коалицијата ‘Вреди’. Сите позиции што и припаѓаат на Вреди во владеењето ќе останат таму, без разлика на можните промени во парламентарниот состав. Она што е на ‘Вреди’, ќе остане на Вреди. Кога ја формиравме Владата, не се водевме од бројките, туку од уделот на Албанците. Независно колку пратеници има ‘Вреди’, сите позиции ќе останат на ‘Вреди’“,
рече Меџити.