Од МВР во соопштението посочуваат на статистички податоци кои покажуваат дека во деновите кога има матурски прослави зголемен е бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти

Министерството за внатрешни работи (МВР) упатува апел до матурантите на прославите да одат без автомобил и да не консумираат алкохол и наркотични средства. Исто така, од МВР ги повикуваат матурантите да не го нарушуваат јавниот ред и мир.
Од МВР во соопштението посочуваат на статистички податоци кои покажуваат дека во деновите кога има матурски прослави зголемен е бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти.
Податоците, како што велат од МВР, покажуваат дека учесниците во сообраќајките најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а неретко и го губат својот живот.
Според МВР, одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
„Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без консумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“,
се вели во апелот од МВР.