Трамп ова го кажа утринава за време на деловниот појадок во Доха, главниот град на Катар, каде што е во рамки на својата четиридневна турнеја низ земјите од Блискиот Исток
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да оди во Истанбул во петок доколку денеска се постигне напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Трамп ова го кажа утринава за време на деловниот појадок во Доха, главниот град на Катар, каде што е во рамки на својата четиридневна турнеја низ земјите од Блискиот Исток.
„Размислував да одам, но многу тешко… Ако нешто се случи, ќе одам во петок ако е соодветно“,
рече американскиот претседател.
Изрази надеж дека Русија и Украина ќе постигнат некаков напредок во преговорите, оценувајќи дека војната мора да престане.
„Во моментов имаме луѓе кои преговараат. Би сакале да видиме како војната завршува и мислам дека имаме шанса да го сториме тоа. Се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто. Војната мора да престане“,
додаде претседателот на САД.
Претходно вчера, висок американски функционер соопшти дека Трамп нема да присуствува на руско-украинските преговори во Турција откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека нема да оди на разговорите.