Почетокот на директните преговори меѓу Русија и Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул
Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Анталија.

„Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори. Сега е ред на Русија да гарантира дека ќе ги направи следните неопходни чекори“,
додаде Руте, кој во Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки на НАТО.
Почетокот на директните преговори меѓу Русија и Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул.
Според министерката за надворешни работи на Летонија, Бајба Браже, не се гледаат никакви знаци дека Русија сака мир во Украина. Таа истакна дека е важно да се ослабат воените способности на Москва.
„Ослабувањето на воениот капацитет на Москва е најдиректниот и најевтиниот начин за постигнување мир во Украина“,
рече Браже.
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за лично да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија, објави висок американски претставник.
Потегот на Трамп уследи откако рускиот претседател Владимир Путин го објави составот на руската делегација која ќе учествува во преговорите – список на кој не беше вклучен самиот Путин.