Потегот на американскиот претседател уследи откако рускиот претседател Владимир Путин го објави составот на руската делегација која ќе учествува во преговорите – список на кој не беше вклучен самиот Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за лично да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија, објави висок американски претставник.

Потегот на Трамп уследи откако рускиот претседател Владимир Путин го објави составот на руската делегација која ќе учествува во преговорите – список на кој не беше вклучен самиот Путин.
- Путин не е дел од руската делегација што ќе присуствува на мировните преговори за Украина во Турција
Трамп претходно самиот ја спомена можноста да се придружи на состанокот во Турција доколку дојде и Путин.
Но, откако Кремљ објави список на делегацијата што ќе присуствува на разговорите – сигнализирајќи дека Путин нема да биде присутен – двајца претставници на Белата куќа објавија дека ниту претседателот на САД нема да оди и да посредува на руско-украинските преговори во Истанбул.
На разговорите ќе биде присутен украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој претходно изјави дека е подготвен лично да се сретне со Путин доколку рускиот претседател се согласи.
Русија и Украина последен пат одржаа директни преговори во март 2022 година во Истанбул, кратко откако Москва ја започна инвазијата.