Касами рече дека ресорот здравство, кој досега го водеше Арбен Таравари, останува да го води кадар на ВЛЕН, што важи и за другите позиции кои досега ги имаше оваа коалиција
Нема најави за рокади на министерските места во Владата – вели претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, прашан за можните промени во власта по најавеното заминување на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. Касами рече дека ресорот здравство, кој досега го водеше Таравари, останува да го води кадар на ВЛЕН, што важи и за другите позиции кои досега ги имаше оваа коалиција во рамки на Владата.

„Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што, член на досегашната коалиција беше Арбен Таравари, тој го побара тоа како ресор. Сега со неговото заминување ние како ВЛЕН сме подготвени да разговараме и за такви комбинации, но нема преговори во делот на Владата за рокади и во моментов. Сè додека нема нова ситуација, сите позиции кои беа досега, остануваат во ВЛЕН“,
рече Касами одговарајќи на новинарски прашања по настан во Тетово.
Посочи дека комбинациите во однос на поделба на одговорностите во владата се прават со политички договор, но и согласно кадрите на партиите кои се дел од владината коалиција.