Тој оцени дека Владата мора да си замине затоа што, како што рече, не постои држава што може да закрепне додека на власт е група калкуланти и политиканти

Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните. Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чувствуваат целосна нефункционалност на пазарџиска влада која работи само за лични интереси, изјави денеска на прес-конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи без план и концепт, само за свои лични интереси.
„Таа од прв ден функционира како машинерија за пазарење – кој ќе добие директорско место, кој ќе добие тендер, кој ќе вработи повеќе свои. Ветувањата од кампањата буквално како никогаш да не биле дадени. Излегувањето на Алијанса за Албанците е првото официјално признание на владините партнери дека оваа влада не води никаде. Признание дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се коалиција од интерес. Таа е склопена од луѓе што не веруваат еден во друг, немаат заеднички планови и политики, туку само личен интерес“,
истакна Костовски.
Од друга страна, подвлече тој, граѓаните преживуваат.
„Животот поскапува секој месец. Платите не мрдаат. Институциите се нефункционални. Нема ниту еден вистински проект, ниту една сериозна реформа. Економијата стагнира, младите се иселуваат, а Владата се гоштава на сметка на народот“,
рече Костовски.
Тој оцени дека Владата мора да си замине затоа што, како што рече, не постои држава што може да закрепне додека на власт е група калкуланти и политиканти.