Според Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на утрешниот ден и во петок се очекува нов влажен бран да ја зафати земјава, кој ќе донесе пообилни врнежи од дожд
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од два до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 24 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево време, со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Синоптичарите прогнозираат дневната температура во главниот град да се искачи до 24 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи кон крајот на утрешниот ден и во петок се очекува нов влажен бран да ја зафати земјава, кој ќе донесе пообилни врнежи од дожд.
За време на претстојниот викенд ќе се задржи променливото облачно време со повремен локален дожд.