Поранешниот герилец некогаш беше познат како најсиромашниот претседател во светот затоа што даваше поголем дел од својата плата и возеше стар „фолксваген буба“ додека беше на функција од 2010 до 2015 година
Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика (89), култна фигура поради неговиот скромен начин на живот, откако ја загуби битката со ракот, соопшти владата во Монтевидео.

„Со длабока тага објавуваме дека почина нашиот другар Пепе Мухика. Претседател, активист, водич и лидер. Многу ќе ни недостигаш, стар пријателе“,
напиша на Икс актуелниот лидер на земјата, Јаманду Орси.
Con profundo dolor comunicamos que falleció nuestro compañero Pepe Mujica. Presidente, militante, referente y conductor. Te vamos a extrañar mucho Viejo querido. Gracias por todo lo que nos diste y por tu profundo amor por tu pueblo.
— Yamandú Orsi (@OrsiYamandu) May 13, 2025
Поранешниот герилец некогаш беше познат како најсиромашниот претседател во светот затоа што даваше поголем дел од својата плата и возеше стар „фолксваген буба“ додека беше на функција од 2010 до 2015 година.
Тој одби да се пресели во официјалната претседателска резиденција и продолжи да живее на мал имот во предградието на Монтевидео, каде што одгледуваше цвеќиња. Ручаше во локалните ресторани, без да носи одело и вратоврска.
Тој, исто така, доби меѓународна поддршка поради неговиот цврст антиконсумеристички став.
За време на неговиот мандат, Уругвај донесе голем број прогресивни закони.