Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка оценат во јуни дека земјата ги исполнила сите критериуми
Претседателката на бугарскиот парламент Наталија Киселова го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за одржување референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.

Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.
„Дали се согласувате Бугарија да ја воведе единствената европска валута евро во 2026 година?“,
е прашањето што би се поставило.
Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој е неконзистентен со неколку членови од бугарскиот устав и договорите на ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.
Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за одржување референдум за воведување на еврото.
Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка оценат во јуни дека земјата ги исполнила сите критериуми.