Трамп при оваа турнеја прво ќе го посети Ријад, местото каде што се одржува Саудиско-американскиот инвестициски форум, а потоа в среда (14 мај) ќе ги посети Катар и в четврток (15 мај) Обединетите Арапски Емирати
Американскиот претседател Доналд Трамп доби кралски третман при неговото пристигнување на аеродромот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, од каде што денеска ја почнува својата прва голема турнеја во вториот мандат како шеф на Белата куќа, пренесува Си-ен.ен.

Свечениот пречек следуваше веднаш штом претседателскиот авион „Ер форс уан“ влезе во саудискиот воздушен простор, кого го следеа борбени авиони Ф-15.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ал Сауд му приреди на Трамп добредојде со раскошна церемонија. На излезот од авионот Трамп се движеше по виолетов тепих.
Се интонираа и националните химни на двете земји. Потоа следуваше официјално претставување на делегациите и церемонијата на послужување на кафе и чај.
По свечениот пречек на отворено, двајцата лидери се повлекоа во палатата на нивниот прв официјален разговор.
Трамп на ова патување го придружуваат шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за трговија Хауард Лутник, како и директорот на „Тесла“ и советник на Трамп, Илон Маск.
Специфично е тоа што, на пречекот е забележан виолетов, наместо црвен тепих. Како што пренесува Си-ен-ен, во 2021 година, претставниците на Саудиска Арабија објавиле дека ќе ја искористат оваа боја како начин за славење на саудискиот национален идентитет.
Инаку, лавандата се поврзува со расцутени диви цвеќиња и е симбол на дарежливоста на Саудиска Арабија.
BREAKING: President Trump has stepped off Air Force One in Riyadh and is greeted at the bottom of the stairs by Saudi Arabia's crown prince, Mohammed bin Salman
— Sky News (@SkyNews) May 13, 2025
Live updates ➡️ https://t.co/0e8593H6Rx
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/BW30eXqXG3
Трамп при оваа негова турнеја прво ќе го посети Ријад, местото каде што се одржува Саудиско-американскиот инвестициски форум, а потоа в среда (14 мај) ќе ги посети Катар и в четврток (15 мај) Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Во сите три земји Трамп ќе се обиде да објави нови економски договори со надеж дека ќе може да има напредок и во некои комплицирани геополитички прашања.
Инаку, и двете страни имаат свои цели за ова гостување. Трамп бара од Саудијците еден трилион долари деловни инвестиции, додека Ријад веќе се обврза да инвестира 600 милијарди долари во САД во следните четири години.
Се очекува посетата на ОАЕ да резултира со објавување голем број финансиски договори меѓу двете земји, во области како што се вештачката интелигенција, полупроводниците и енергетиката.