Седницата на Советот за безбедност ќе се одржи утре во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ со почеток во 12 часот.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
По завршувањето на седницата ќе следува изјава од претседателот Пендаровски која ќе биде пренесена на националниот сервис како и на социјалните мрежи Фејсбук и Јутјуб на каналите од претседателскиот кабинет.
Во согласност со препораките за заштита од ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.
