Променливо облачно време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд се најавува и за наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени.
Во Скопје, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде од 9 степени наутро до 25 во текот на денот.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд синоптичарите најавуваат и за наредните денови.