Двете земји меѓусебно се обвинуваа за прекугранично гранатирање и напади со ракети и беспилотни летала. Состојбата ескалира во Кашмир, за кој Индија и Пакистан тврдат дека е нивна територија
Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, изјави пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри соопшти дека и Индија и Пакистан ќе престанат со сите воени дејствија на копно, воздух и море од 17:00 часот по локално време.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека прекинот на огнот е резултат на долга ноќ на разговори со посредство на САД, а државниот секретар Марко Рубио ги пофали Индија и Пакистан за нивната „мудрост“ и „разумност“.

„По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство можам да објавам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и итен прекин на огнот. Честитки до двете држави на покажаниот здрав разум и на големата интелигенција. Ви благодарам на вниманието“,
порача Трамп.
Претходно оваа недела Индија погоди цели во Пакистан и Кашмир под Пакистан, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи во Пахалгам минатиот месец – Исламабад негира вмешаност. Рубио рече дека Индија и Пакистан „се договориле за итен прекин на огнот и да започнат разговори за широк сет на прашања на неутрално место“.
Двете земји се обвинуваат меѓусебно за прекугранично гранатирање и напади со ракети и беспилотни летала, откако изминатава недела Индија. Претходно оваа недела, Индија погоди цели во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи со 26 жртви во Пахалгам, индиски Кашмир минатиот месец за кој Исламабад негира вмешаност. И Индија и Пакистан и тврдат дека Кашмир е нивна територија во целост.