Од СВР Битола посочија дека против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие
Маж попладнево со нож во рацете се движел по битолските улици и им се заканувал на минувачи, објави ТВ 21.

Лицето било пријавено во полиција, од каде што веднаш реагирале и го привеле осомничениот.
На видеото на ТВ 21 објавено на Фејсбук, се гледа како маж, држејќи нож во рацете, се движи меѓу минувачи. Потоа, ножот го става во појасот на панталоните.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола во изјава за „360 степени“ рекоа дека осомничениот е приведен и однесен во полициската станица во Битола.
„Се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и на утврдување на оштетени“,
велат од СВР Битола.
Оттаму посочија дека против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување со опасно орудие.