Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 1 јуни годинава ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд.
При постапувањето по предметите, велат оттаму, ќе бидат запазени сите мерки за заштита и превенција од ковид-19 вирусот, согласно препораките на Министерство за здравство и Светската здравствена организација.
