Тендерот за набавка е објавен. Моментално е во Бирото за јавни набавки кадешто, според новиот закон, треба да се добие позитивно или негативно мислење
360°: На 8 декември 2024, објавивме сторија дека многу скоро на владина седница требаше да се разгледа Правилникот според кој таблиците на државните возила треба да бидат означени со црвено-жолта боја. Проценките беа дека тие таблици ќе се најдат на улиците за четири месеци. Дали е разгледа и прифатен Правилникот од страна на Владата?
Томовски: Ние отпочнавме една постапка, формиравме една работна група, одржавме неколку работни состаноци со работната група. Требаше да тераме два процеси паралелно. Едниот процес е специјални таблици, таблици во боја, а вториот процес е Регистар на возила којшто го немаме во државата моментално. Одлучивме да ги одвоиме тие два процеси бидејќи Регистарот на возила бара повеќе ресурси, повеќе луѓе, повеќе време за работа, додека делот за регистарските таблици е пократок и може да се заврши побрзо. Направивме еден Правилник којшто го направивме со работната група. Беше даден на консултација во Секретаријат за законодавство и добивме позитивно мислење. Го потпиша министерот за внатрешни работи. Го поминавме и на Влада официјално како што треба. После тоа имаше некакви измени на Законот за јавни набавки и од тие причини се одолговлечи малку процесот, односно не завршивме за оние четири месеци коишто ни беа предвидени, но постапката се уште трае. Моментално е во МВР. Тендерот е објавен за набавка на бојата, со соодветната боја која ние ја имавме предвидено. Останува истата боја, црвено-жолта. Практично како знамето на Македонија. Тоа ќе биде црвено-портокалва таква е нијансата. Моментално е во Биро за јавни набавки кадешто според новиот закон треба да се одобри позитивно или негативно врз основа на набавка на тие бои. Тоа е веќе процедура и трае. Штом заврши, очекуваме дека за скоро време ќе заврши, штом заврши со заклучок на Влада односно со задолжение на Влада ќе ги задолжиме сите државни и општински институции коишто имаат државни возила и се во сопственост на државата да во рок од 30 денови ги променат сите таблици.
360°: Бирото што треба да одобри? Бојата?
Томовски: Не, треба да одобри дали постапката ги запазила сите законски норми. И сеа рачунајте од секаде, цела држава поднесува до Бирото мислење за тендери коишо се над 15-20 милиони и заради тој податок процесот е малку одолговлечен.

360°: До каде е сервисот кој треба да им служи на граѓаните да пријават евентуална злоупотреба на државните возила?
Томовски: Веднаш штом ја поставиме првата таблица во боја, на веб-страната на СОЗР ќе биде објавена мејл адреса и контакт телефон каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат.
360°: Значи на веб-сајтот на СОЗР тоа ќе се прави?
Томовски: Точно така.
360°: Бидејќи беше потенцирано дека, паралелно се работи и на Регистар со кој ќе управува СОЗР, до каде е неговата изработка?
Томовски: Токму така направена е одлука на Влада да Регистарот на возила го преземе СОЗР, односно Владата. Моментално се прават оние зкаонски измени во Законот за возила кадешто од МВР треба да премине во сопственост на СОЗР. Ние веќе имавме еден состанок со министерот за внатрешни работи и неговиот кабинет, тоа е сега пред три-четири дена. Договоривме дека треба да го ставиме на забрзано темпо и планот ни е да успееме тој Регистар да го направиме до крајот на оваа година. Зошто до крајот на оваа година? Затоа што тој Регистар сакаме да го фузираме и да го поврзиме заедно со камерите од Сејф Сити.
360°: Колку пати се има состанато и какви заклучоци има донесено Работната група која треба да предложи и измени во Законот за возила и Законот за ствари во државна и општинска сопственост?
Томовски: Со работната група сме имале најмалку четири состаноци. Конкретно состаноците беа за одвојување на овие два процеси за таблиците и Регистарот. Завршивме со делот на таблиците сега на ред ни е Регистарот. Повторно ќе се состане. Истата работна група ќе продолжи со работа. Но овој пат законските измени најверојатно ќе одат преку пратеничка група за да биде забрзан процесот и да може побрзо да се заврши и да можеме да стигнеме до оној рок којшто си го дадовме до Нова Година.
360°: Сега рокот за да гледаме службени возила во друга боја е до?
Томовски: Секој момент. Не очекувам долго да трае. Очекувам да заврши процесот со јавната набавка на бојата и не очекувам повеќе од месец до месец и пол.