Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство за да стане канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот бидејќи само 310 од 630-те члена на Долниот дом на парламентот гласаа за него, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер
Второ гласање за нов германски канцелар во Бундестагот е закажано за денес во 15:15 часот, објави германскиот весник „Билд“ откако во првиот круг кандидатот за канцелар Фридрих Мерц не го доби потребното мнозинство.
Долниот дом на Бундестагот треба повторно да се состане во 15:15 часот по локално време за да одржи второ гласање за Мерц, изјави Јенс Шпан, лидер на парламентарната група на конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ, пренесе Ројтерс.
Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство за да стане канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот бидејќи само 310 од 630-те члена на Долниот дом на парламентот гласаа за него, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер.
Му беа потребни 316 гласа за да обезбеди мнозинство.
ЦДУ/ЦСУ (208) и СПД (120) заедно имаат 328 места во Бундестагот, само 12 повеќе отколку што им се потребни.
Првично беше кажано дека денес нема да има втор круг гласање, но „Билд“ објави дека е договорен втор обид.